Следи нѐ
To Top

Свечена академија за Денот на Европа

Свечена академија по повод Денот на Европа 2015, ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар во Скопје во организација на Европското движење во Република Македонија.

Покровител на манифестацијата е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која треба да се обрати пред присутните, а најавени се поздравни обраќања и на претседателот на ЕДРМ, Милева Ѓуровска и на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав,

реклама

На свеченоста, меѓу другото, ќе биде доделена награда за Европска личност за 2014 година на академскиот ликовен уметник Јован Балов.

Поканети се претставници на Владата, од  Делегацијата на ЕУ во РМ, на дипломатските претставништва, членови на Европското движење и други гости.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.