Следи нѐ
To Top

Студентите ги напуштаат работните групи со МОН

Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк

Студентите ги прекинуваат преговорите со Министерството за образование и излегуваат од работните групи за новиот Закон за високо образование.  

реклама

Причината за ова се повеќето активности во изминатиот период во кој студентите беа жртви. Тие се револтирани поради апсењето на нивните колеги во минатонеделните протести кои се во притвор и се товарат за учество во толпа и спречување на полициски службеник во работата.

Студентите продолжуваат со барање решение за подобро образование, но без МОН. Имено, студентите најавија понатамошно функционирање само преку интерната работна група при УКИМ.

Апсењето според нив е само заплашување врз студентите и затоа одлучиле преговорите да ги водат само со Ректоратот на УКИМ.

– Апелираме до студентите доследено да си ја вршат работата. Се’ досега укажува дека постои селективна правда при што се селектираат студенти со цел да се изврши притиско врз Студентскиот пленум и на сите студенти кои се борат за своите права, изјави Марко Христов од Студентскиот пленум.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.