Следи нѐ
To Top

Учесниците на Виз Ер Скопски Маратон ќе ја добијат трката

Како резултат на новонастанатата состојба во земјава и од безбедносни причини, на жалење на многу љубители на спортот кои со нетрпение го очекуваа овој настан, овогодинешниот традиционален ВизЕр Скопски Маратон беше откажан по барање на надлежните институции.

– „Изразуваме длабоко жалење за настанатата ситуација и сочувствуваме со семејствата на загинатите бранители. Поради нарушување на безбедноста во државата Виз Ер Скопски Маратон се одложи, свесни сме дека на овој начин останаа разочарани љубителите на маратонот од многу страни. Се подготвувавме за овој настан во текот на целата година со многу труд и ентузијазам, со нетрпение го очекувавме почетокот и одбележувањето на една од најпочитуваните и посетуваните спортски манифестации во државата, но ова беше единствениот начин преку превентивни мерки да ја осигураме безбедноста на сите инволвирани, што секако ни беше и ни е приоритет.

реклама

Им благодариме на сите поддржувачи. Нашата порака до јавноста е да останеме сплотени!”- изјавуваат од организацискиот одбор на Виз Ер Скопски Маратон.

Организаторот на Виз Ер Скопски Маратон донесе конечна одлука околу начините на коишто ќе им се оддолжи на учесниците и партнерите, волонтерите и сите љубители на оваа манифестација.

Имено првата донесена одлука вели дека, доколку се обезбедат сите услови потребни за организација на настан од ваков тип, ќе се одржи ревијална трка на 5км, предвидена за 20-ти септември и истата ќе биде отворена без надомест за сите учесници на маратонот, полумаратонот, штафетната трка како и за оние кои планираа да ги освојат 5-те километри низ Скопските улици на 10-ти мај оваа година.

Сите регистрирани маратонци, полумаратонци, како и оние кои планираа да бидат дел од штафетната трка на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон, во некоја од следните три години ќе можат да одберат кога и која трка ќе ја трчаат без котизација. Ќе може да се одбере помеѓу маратон, полу-маратон и штафетната трка.

Уште една новина, е соработката со ,,RunCzech”, кои се организатори на 7 трки во Чешка,меѓу кои и познатиот Прашки маратон,кој на сите пријавени на овогодишниот Виз Ер Скопски Маратон во категоријата маратон, полумаратон или штафетен маратонќе им овозможи бесплатно учествона некоја од трките на RunCzech кои ќе се одржат до крајот на оваа година. Иделна можност за сите заинтересирани би била полумаратонската трка во Усти над Лабем, каде што Run Czech и Виз Ер Скопски маратон ќе организираат специјална програма на денот на трката.

Организацискиот одбор на Виз Ер Скопски Маратон одлучи големите количества на храна кои беа обезбедени за натпреварувачите и волонтерите од компаниите Атлантик и Виталија, да ги донираат во хуманитарни цели, и тоа во: Армијата на РМ, Прифатилиштето за азиланти, Домот за рехабилитација за деца со попреченост во развој, Домот за воспитно запуштени деца 25-ти мај, Центар за демократски развој и иницијативи и Дневниот центар за деца од улица.

Ви благодариме на разбирањето и поддршката и упатуваме јавна благодарност до сите спонзори, волонтери, соработници и пријатели кои не поддржуваа и помагаа во текот на целокупната организација.

Најголема благодарност упатуваме до најхрабрите, натпреварувачите, Виз Ер Скопски маратон немаше да биде тоа што е без Вас.

Виз Ер Скопски Маратон ќе продолжи да пулсира со срцето на градот и сите негови поддржувачи.

Се гледаме повторно на целта!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.