Следи нѐ
To Top

Чавков и Мисајловски – нови министри за внатрешни работи и транспорт и врски

Собранието на Република Макеоднија денеска за нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски. Новите министри дадоа свечени изјави. 

„За“ двајцата гласаа по 71 пратеник. Воздржани за Чавков беа двајца, а против гласаше еден. Четворица пратеници беа против за Мисајловски.

реклама

Премиерот Никола Груевски ги предложи Чавков и Мисајловски за нови членови на Владата откако оставки поднесоа Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Во своето образложение Груевски потенцира дека Јанкулоска и Јанакиески, како и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој исто така поднесе оставка, досега биле пример за раководење на тешки позиции и работливост.

– Се работи за личности кои дадоа огромен личен влог, во развојот на стабилноста и безбедноста на државата. Јанкулоска и Мијалков беа осум години на многу ризични и тешки за раководење позиции. Покажаа професионалност и патриотизам, смиреност, неверојатна лојалност кон државата и секогаш да застанат под браникот на татковината, рече Груевски.

На седницата присуствуваа 79 пратеници, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.