Следи нѐ
To Top

Времето денес: Сончево и топло со мала облачност

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повременo засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

реклама

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 28 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

За време на викендот во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено поголема нестабилност ќе има в недела.

До сабота ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во овие денови ќе биде висока од 25 до 31, а УВ-индексот ќе има вредност 6. В недела ќе има благо опаѓање на дневната температура и ќе се движи од 21 до 28 степени, а ќе дува и северен ветер. УВ-индексот в недела ќе изнесува 5.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.