Следи нѐ
To Top

Две лица повредени во сообраќајка кај Тетово

Ј.Д. (36) и З.И. (44) од Скопје се здобиле со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што изминатата ноќ околу 3 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“ информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, двете лица биле во патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици што загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.

реклама

– Од излетувањето и превртувањето двајцата задобиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната лекарска помош итно се испратени на скопските клиники. По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на излетувањето и се утврдуваат причините и се друго поврзано со несреќата. Првично причина е неприлагодена брзина според условите на патот додека вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари, изјави Јосифовски.

Неприлагодената брзина односно пребрзото возење заедно со неправилното вршење дејствие, според него, се најчести причини за сообраќајни несреќи во Полог во последниве неколку години. Минатиот месец во Полошкиот регион се случиле вкупно 82 несреќи при што 44 имало повредени и две загинати лица, а 14 несреќи биле резултат на пребрзо возење.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.