Следи нѐ
To Top

Започнува ,,Саемот за деца и семејство” во Скопје Сити Мол

Започнува Саемот за деца и семејство, кој ќе ги обедини најмалите, ќе ги усреќи најсреќните и израдува редовните посетители на овогодинешниот ,,Саем за деца и семејство” кој започнува на 15-ти мај, петок и ќе трае до 17-ти мај, недела.

Дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, кои значат радост и насмевки на сите оние кои ќе го посетат ,,Саемот за деца и семејство” од 15-ти до 17-ти мај во Скопје Сити Мол.

реклама

Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата, покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.

Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци на кои ќе се радуваат и големи и мали.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.