Следи нѐ
To Top

Хуманитарна модна ревија за Орнела

Во сабота, во 12 часот, во скопскиот ГТЦ пред бутикот „Џордано“ ќе се случува голема хуманитарна модна ревија, со дваесеттина манекенки.

Повод е да се соберат што повеќе парични средства за лекување на младата скопјанка Орнела Јордановска, која боледува од рак на лимфа.

реклама

Освен дефилето на манекенките, водителката Хелена Роза ќе ја промовира нејзината книга “Новата Јас“, а сите оние кои ќе ја купат книгата автоматски донираат средства за лекувањето на Орнела, како и сите кои ќе купат парче гардероба од „Џордано“.

Организаторот на ревијата, познатиот водител Зоран Василевски Фаци информира дека ревијата е бесплатна, но ќе има пунктови каде ќе се донира.

Бидете хумани и дојдете на вистински моден спектакл!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.