Следи нѐ
To Top

Шведска фаворит за победа на Евросонгот

На една недела пред финалето на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, според коефициентите во обложувалниците, главен фаворит за победа е Шведска.

Шведскиот претставник Манс Зелмерлев со песната „Херои“ важи за фаворит за победа во дури 22 обложувалници.

реклама

Доколку Зелмерлев навистина победи на финалето на Евросонгот на 23 мај во Виена, на Шведкса ќе и ја донесе шестата победа на ова музичко натпреварување.

На второ место, според „букмејкерите“ би требало да се пласира Италија, а на трето место Австралија, која годинава првапат учествува на Евросонгот.

Најмали шанси за победа им се даваат на претставниците на Португалија, Молдавија и Сан Марино.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.