Следи нѐ
To Top

Во Куманово сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот по улицата „11 Октомври“ во Куманово се одвива тековно. Полициските блокади се отстранети, така што и автомобилите се движат непречено.

Во текот на вчерашниот ден полициските автомобили беа отстранети, но за време на доцните попладневни часови повторно беа поставени.

реклама

Сопствениците на трговските објекти во овој дел од градот велат дека токму полициското присуство во овој дел од центарот на градот ја зголемува безбедност. На оваа локација сместени се повеќе државни и општински институции и установи.

Полициските блокади беа поставени, ноќта помеѓу 14 и 15 мај.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.