Следи нѐ
To Top

Времето денес: Претпладне сончево, попладне локален дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

реклама

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Во поладневните часови во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе биде околу 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните три дена ќе има услови за локални врнежи од дожд, особено во вторник. Дневната температура ќе опадне за 2 до 4 степени во однос на температурата од викендот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.