Следи нѐ
To Top

Денеска граѓаните ќе протестираат пред Владата на Република Македонија

Насловна фотографија: Христијан Петров / Популарно.мк

Денеска во 14 часот  граѓаните заедно со опозициските партии ќе протестираат пред Владата на Република Македонија, на како што велат, големиот граѓански и натпартиски протест со барање на оставка на актуелната Влада.

реклама

На протестот свое учество потврдија и студентите кои пред да се приклучат кон толпата народ пред Владата на Република Македонија ќе побараат ослободување пред Основниот суд 1 на своите колеги – студенти кои беа уапсени по протестите одржани на 5 мај.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во врска со денешниот протест, повика да биде мирен, достоинствен и ненасилен.

– „Многу млади луѓе ќе бидат тампон зона меѓу учесниците на собирот со полицијата. Некои веќе најавија дека сакаат да останат и да спијат пред Влада и да биде тоа протест во контекст. Одлуката е остануваме до крај пред Влада, се до оставка на Груевски“, изјави Заев.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.