Следи нѐ
To Top

Финални натпревари на првиот студентски турнир во DOTA2

Финалните натпревари на првиот студентски турнир во DOTA2 ќе се одржат денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Турнирот има цел да го промовира е-спортот кој зема се поголем замав во светски рамки, додека играта DOTA2 има многу играчи од студентските клупи.

реклама

Организатор на турнирот е Студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии (СПФЕИТ).

Изминатите два дена беа организирани 25 натпревари меѓу тимови од ФЕИТ и од останатите факултети и универзитети од Македонија.

Првиот студентски турнир во DOTA2 е поддржан од Бичковски ДООЕЛ, Виталиа и Ред Бул Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.