Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Десетици илјади граѓани побараа оставка од Владата

Насловна фотографија: Сара Коцевска / Популарно.мк

Десетици илјадници граѓани, денеска на протест во Скопје побараа оставка од премиерот Никола Груевски и членовите на Владата.

реклама

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето на протестот пред Владата рече дека освен Груевски, оставки треба да поднесат и раководните структури на МРТВ, јавниот обвинител Марко Зврлевски, како и обвинителот Јован Илиевски.

Заев ги повтори барањата за формирање преодна влада, организирање предвремени фер и демокртатски парламентарни избори, прочистување на избирачкиот список, враќање на контролните механизми во државата и на независното медиумско известување.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Сара Коцевска / Популарно.мк

Додека овие барања не бидат исполнети, нагласи, протестантите нема да си одат од пред Владата.

– За да се вратат правдата и достоинството, за да ја исправиме Македонија на нозе и повторно да ги запишеме избришаните европски вредности, на злоупотребите ќе ставиме крај. Дојдовме и не заминуваме додека не ги вратиме мирот, спокојот и достоинството на граѓаните. Овој ден ќе влезе во историјата на слободна Македонија, истакна Заев.

Не постои друга опција, додаде, освен заминување на Никола Груевски.

– Се измачи вистината да ја види светлината на денот, а и ние се измачивме цела деценија да и помогнеме да излезе на површина. Што може сега една единица мерка за криминал и диктатура наспроти овие илјадници луѓе, разбудени граѓани, освестени и исправени за подобро утре, рече лидерот на СДСМ.

Заев ги соопшти и клучните начела врз кои ќе се темели политиката што ќе ја води СДСМ. Се обврзувам и гарантирам, рече тој, дека Македонија ќе биде заедничка држава на рамноправни граѓани, стабилно и грижливо мултиетничко општество.

Лидерот на СДСМ додаде дека ќе се залага за фер распределба на доходот и државните добра, за плати и пензии за достоинствен живот, за РМ која ќе биде пример за  социјална држава, ефикасно здравство, квалитетен образовен систем по прмерот на Словенија и Финска, автономија на универзитетот, ќе го укине екстерното тестирање и ќе го врати приемниот испит на факултетите наместо полагање државна матура, а математика ќе полага секој кој ќе се запишува на природни науки.

Политиката, додаде тој, ќе ги тргне рацете од судската власт,  ќе се преиспитаат спорните пресуди,  а  јавниот обвинител ќе се избира на непосредени избори или на предлог на опозицијата.

– Следната влада ќе може да опстои само шест месеци, ако е максимално транспратентна ќе може да издржи повеќе од шест месеци, рече Заев и додаде ќе има квартална отчестност, а Праламентот ќе биде главен контролор на извршната власт.

ЕУ и НАТО ќе бидат стратешки цели, а за името ќе се изгради политички и државен консензус за што ќе бидат консултирани сите граѓани.

Обраќањето на Заев почна со едноминутно молчење во знак на почит за загинатите осумимна полицајци во Куманово.

На протестот зборуваа и претседателот на Европските социјалисти Сергеј Станишев, европратеникот Кнут Флекенштајн, дипломатот Никола Димитров, режисерите Александар Поповски и Владимир Милчин, новинари, хонорарци, активисти,…

Изразувајќи сочувство за убиените полицајци во Куманово, Флекенштајн рече дека го осудува секој вид насилство и обид на каков било теорирзам во партиски цели.

Со денешниот протест, оцени, се испраќа сигнал дека македонските граѓани сакаат да живеат во демократска земја каде владее правото.

– Македонските граѓани треба да одлучат сами, без какви било влијанија однадвор. Дојдов тука, во Скопје да ја покажам мојата солидарност со сите вас кои мирно демонстрирате што е импресивно, рече, доддавајчи дека на Македонија и треба повеќе демократија и слоидарност, враќање на независното судство и независните медиуми, броба против корупцијата и организираниот криминал, потенцира Флекенштајн.

Станишев, пак, напомена дека на Македонија и се потребни одлучни реформски чекори кои ќе ја доближат до Европската унија.

– Со моите пријатели од Шведска, Бугарија, Обединетото Кралство,…, не сме тука да ве учиме, туку да го слушнеме вашиот глас. Вашата порака е јасна – сакате мир. Гледам луѓе од различни етникуми заедно, сите сакаат демократија. Слушнав дека слободата на говор беше потиснувана многу години, но тоа не е прифатливо, не повеќе. Луѓето од невладините организации беа прогласувани за непријатели зашто размислуваа различно, и тоа е неприфатливо, рече Станишев.

Обраќајки се на бугарски јазик, тој порача дека сака да ја види Македонија стабилна, мирна, просперитрена и во Европската унија.

Пред обраќањата на дел од учесниците, прикажувани беа и дел од прислушуваните разговори кои на прес-конференции ги објавуваше СДСМ.

Протестот кој освен домашните, го следеа и повеќе странски новинарски екипи, се одвиваше мирно, без инциденти, а не се забележуваа и партиски обележја кај присутните. Почна со исплонување на македонската химна од страна на акетрката и пеачка Ана Костовска.

Меѓу присутните на протестот беа и европратеникот Ричард Ховит, претставници од сестринските партии на СДСМ во Европа, како и поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.