Следи нѐ
To Top

Х-Фактор: Давид продолжува понатаму, Боби се враќа во шоуто

Давид Темелков ја воодушеви публиката, но и жирито со моќниот настап на песната „Who wants to live forever“, со која си обезбеди понатамошен пласман во шоуто. 

Групата „Инфинитас“, составена од пет браќа и сестри, вчеравечер го напушти „Икс-фактор“ во првиот концерт во живо на музичкото натпреварување.

реклама

Тие и групата „Анџелине“ имаа најмал број СМС-гласови од публиката, а по испеаните песни за спас, жирито реши во натпреварувањето да останат девојките.

Вчеравечер во живо на сцената во Белград настапија 12 финалисти во шоуто. Преку гласањето на „Фејсбук“, публиката со убедливо голема разлика (повеќе од 60 проценти од гласовите), од испаднатите 12 кандидати го врати интересното босанско дуо Аднан и Тарик.

bm[1]

Но, по барање на продукцијата, и жирито доби можност да врати кандидати во натпреварувањето, и тоа уште тројца. Меѓу нив се најде и охриѓанецот Бобан Мојсоски.

Изненадување оваа година е четвртата водителка Николина Пишек која заедно со Снеже Велков известува од „сината соба“ позади сцената.

11205063_631291127005723_5294598969740543569_n[1]

Следната недела, место во една, натпреварувачите ќе настапат во две вечери во живо, в недела и в понеделник, поделени на две групи. И во двата дена ќе испадни по еден натпреварувач.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.