Следи нѐ
To Top

Роби Вилијамс: „Дозволете ми да ве забавувам во Белград!“

Насловна фотографија: Press team Robbie Williams / Madrid tour

Иако фразата „шоу бизнис“ е измисленa многу пред раѓањето на Роби Вилијамс, оваа светска поп ѕвезда прави да изгледа како да е створена токму за него!

реклама

Од периодот кога Фреди Меркури и групата „Queen“ ја владееше светската сцена, музичкиот свет немал забавник кој совршено го комбинира квалитетот, храброста и појавата „bad boy“ се до оваа 41-годишна британска ѕвезда.

Музичките критичари често се прашуваат до каде би стасал Роби доколку во текот на својата кариера не се навраќал во групата „Тејк Дет“ со која имаше и „reunion“ турнеја. Роби Вилијамс со својата соло кариера и неверојатната посетеност на актуелната турнеа „Let Me Entertain You“ докажува дека е одличен забавувач на голема маса луѓе.

На настапот во Абу Даби, Роби го започна концертот со носечкиот хит на турнејата „Let Me Entertain You“, излегувајќи на сцена со кожни панталони, откриени тетоважи и рогови на глава – „bad boy“ имиџ кој ја возбуди публиката.

Со ваквата појава, Роби во текот на настапите нуди спектакл кој содржи и елемнти на кабареа – сјај и ретро гламурозност.

tourannounce2_0[1]

Ретко на кој настап на светските ѕвезди можете да ја слушнете песната на Queen „We Will Rock You“ и „I Love Rock & Roll“ од Џоан Џет. The Isley Borthers’ “Shout”, “Royals” од Lorde, а Роби ужива и во изведувањето на неговите хитови како “Angels”, “Millenium”, “Rock DJ” и безброј други.

Најуспешниот британски соло уметник во историјата на Британија, со повеќе од 70 милиони продадени плочи низ светот, покрај неговиот „бед бој“ имиџ ни открива дека сега е фамилијарен човек и му недостига неговата ќерка.

– „Јас сум Роби Вилијамс и имам ќерка. Ја сакам беспрекорно. Ова е најголемиот период досега што не сме заедно и многу ми недостига. Се вика Теодора, и тоа не е нејзиното професионално име“, со ова, Роби Вилијамс се обрати на публиката во Абу Даби и почна да ја свири песната „Go Gentle“ која е напишана токму за неговата ќерка.

Robbie+Williams+-+Madrid+228[1]

Осум членови на бендот заедно со четири бек-вокали и танчери ја претставуваат бројката од која се состави сценската екипа. Роби во текот на настапот го менува својот изглед така што публиката во никој момент не е препуштена сама на себе.

Со ова дефинитивно се потврдува ветувањето на Роби во најавата за турнејата, а тоа е дека на 17 јуни во Белград, Ушче нѐ очекува НЕЗАБОРАВНА ЗАБАВА!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.