Следи нѐ
To Top

Сѐ е подготвено за овогодинешното издание на Месецот на Спорт

,,Месецот на Спорт” е настан кој и оваа година ќе ги обедини компаниите и бизнис единките кај нас.

Во спортскиот центар „Форца“, и СЦ ,,Борис Трајковски”, од 22-ри мај до 30 јуни ќе се одржат разни натпревари помеѓу пријавените компании. Оваа година од организацијата најавуваат дека има најголем број на пријавени екипи до сега.

реклама

Ова е уникатен начин на кој сите компании учесници ќе го покажат спортскиот дух на своите вработени. Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, видни македонски компании, учесници од сите сектори на македонската економија, ќе се натпреваруваат во 8 спортски дисциплини, што е причина плус за големиот интерес и докажување кој е најдобар.

– „Сѐ е подготвено за 8-то издание на Месецот на спорт, кој започнува утре, на 22-ри мај. Оваа година има пријавено рекорден број на екипи-учесници во 8 спортски дисциплини, на кои очекуваме да се натпреваруваат 888 натпреварувачи. Мислам дека ова е одличен начин на дружење, забава и секако, натпреварување кое ги обединува компаниите и нивните вработени. Фудбал, баскет, одбојка, куглање, пинг-понг, тим билдинг, картинг и пливање се категориите во кои ќе се спортува, натпреварува и докажува кој е најдобар.“ – изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и директор на Месец на Спорт.

„Месец на спортот” е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените, кои на рекреативен начин ќе спортуваат и докажат кој во коај спортска дисциплина е најдобар. За сите победници следуваат вредни награди.

„Месецот на Спорт” започнува утре, на 22-ри мај и ќе трае до 30 јуни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.