Следи нѐ
To Top

Во април пониски температури од просечните

Во април годинава се измерени пониски температури од просечните за еден степен, а врнежите на некои места се пониски, а на делови се натпросечните.  Најмногу дожд наврнало на 6 април од 9 мм во Струмица до 78 во Маврово. 

Информациите од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека средно месечните температури на воздухот во април се движеа од 5,2 до 7,2 степени во Маврово и Берово, до 12,9 и 14,1 во Демир Капија и Гевгелија. Во Крива Паланка се измерени 8,3 степени, во Охрид 9,6 степени, во Прилеп 10,3, во Битола 10,8 степени, Штип 11,7, во Скопје 11,9 и во Струмица 12,4 степени.

реклама

Најголеми количини наврнат воден талог е измерен во Маврово 145 мм, а најмалку во Штип 17 мм.

Мерењата покажуваат  врнежи од 20 мм во Гевгелија, 24 во Берово, 33 во Скопје, 38 во Битола и Крива Паланка, 43 во Прилеп и 54 во Охрид.

Значително помалку врнежи од просечните се измерени во Штип, Струмица, Гевгелија и Берово, а во Маврово се надпросечните.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.