Следи нѐ
To Top

Времето денес: Нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

реклама

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во сабота ќе дува умерен наместа и засилен јужен ветер, додека во недела во попладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.