Следи нѐ
To Top

Матурантите точно напладне ќе танцуваат со порака за ненасилство и толеранција

Насловна фотографија: Емилија Стојменовска / Популарно.мк

Матуранти од Скопје, Охрид и Гевгелија заедно со нивните врсници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора денеска точно напладне ќе го одиграат танцот квадрил во рамките на традиционалната манифестација  „Матурска парада 2015“.

реклама

Во Скопје, на плоштадот „Пела“ ќе танцуваат околу 800 матуранти од 21 средно училиште, а во Охрид и Гевгелија се очекува да учествуваат 400 матуранти од пет средни училишта.

Организатор на манифестацијата за Република Македонија е Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, а покровители се градоначалниците на Град Скопје, Охрид и Гевгелија, Коце Трајановски, Никола Бакрачески и Иван Франгов.

Елемент што оваа манифестација ја прави поатрактивна е што секоја година се прави обид да се постави Гинисиов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места, односно во различни градови. Во изминатите 14 години од одржувањето на манифестацијата седум пати се поставувани вакви рекорди, а вкупниот број на учеснци е 281.988 матуранти.

Новина во последните шест години е давањето изјава за ненасилство на учесниците во сите градови во земјите каде се одржува „Матурската парада“ со што истовремено се испраќа порака за ненасилство и толеранција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.