Следи нѐ
To Top

ФОТО: Синоќа се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија

Насловна фотографија: Andres Putting (EBU)

Во Виена синоќа се одржа втората полуфинална вечер на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, на која настапија 17 земји.

реклама

Вечерта ја отвори Литванија, а по неа настапија Ирска, Сан Марино, Црна Гора, Малта, Норвешка, Португалија, Чешка, Израел, Летонија, Азербејџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и Полска.

Во финалето на Евросонгот се пласираа 10 земји, а нивниот избор го направија стручните журија и гледачите преку телевоутинг. Поените за секоја земја се распоредени според вкупниот збир од гласаањата на жиријата и телевоутинго во сооднос 50:50.

Од вчерашната полуфунална вечер, „билет“ за влез во финалето обезбедија Литванија, Полска, Словенија, Шведска, Норвешка, Црна Гора, Кипар, Азербејџан, Летонија и Израел.

Овие десет земји во финалето ќе им се приклучат на десетте држави избрани на првата полуфинална вечер во вторникот и на седумте дирекни учесници: петте „големи“ – Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Шпанија, домаќинот Австрија и специјалниот учесник за оваа година Австралија.

Македонскиот претставник на овогодишниот Евросонг, Даниел Кајмакоски настапи на првата полифинална вечер, но не успеа да избори пласман во финалето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.