Следи нѐ
To Top

Времето денес: Претпладне со слаб локален дожд, попладне умерен јужен ветер

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо со слаб локален дожд. Преку денот облачноста ќе се намалува и ќе биде сончево со умерена облачност и умерен наместа засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

реклама

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.