Следи нѐ
To Top

Возачи со мигранти се обиделе да прегазат полицаец

Четириесет и деветгодишен штипјанец синоќа е приведен во Полициската станица во Велес поради обид да прегази полициски службеник со возило во кое имало седум мигранти, државјани на Сирија.

МВР соопшти дека Р.Д. (1966) управувајќи патничко моторно возило „Застава 101“ со велешки регистерски таблички не застанал на дадениот знак на полицаецот, кој бил во близина на Езерото Младост и се обидел да го прегази.

реклама

– Униформираниот полициски службеник од огнено оружје-пиштол, испукал еден куршум во правец на возилото, при што лицето кое го управувало  возилото, застанало. Р.Д. е приведен во Полициската станица – Велес, а во возилото биле пронајдени седум мигранти државјани од Сирија, информира МВР.

Лицето, како што е наведено, ќе биде задржано во СВР Велес и со кривична пријава ќе биде предадено до Основното јавно обвинителство, додека странските државјани ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци-Скопје.

Обид да прегази полицискиот службеник имало и при запирање патничко моторно возило „Фиат Брава“ со велешки регистерски ознаки, вчера во 21 часот и 20 минути. Според полицијата, откако не успеал да го прегази, возачот запрел на неколку метри и се дал во бегство. Во возилото биле пронајдени тројца мигранти од Сирија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.