Следи нѐ
To Top

Пожар во викендичка во тетовско Волковија

Штета од околу 900 илјади денари претрпел Т.С. (73) од Струга, откако синоќа околу 22 часот избувнал пожар во неговата викендичка во тетовското село Волковија, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, пожарот избувнал при засега неутврдени причини и во неразјаснети околности во потпокривот од викендичката што во тој момент била празна и без покуќнина. Огнот ги опожарил потпокривот, покривната конструкција од ќерамиди, четири дрвени врати и дрвен прозорец. Со интервенција на Тетовската противпожарна единица огнот многу брзо бил изгаснат.

реклама

– Увид на местото изврши екипа на СВР Тетово и работи на расветлување на причините што довеле до пожарот додека вкупната материјална штета сопственикот ја проценува на околу 15 илјади евра, рече Јосифовски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.