Следи нѐ
To Top

Именувани нови директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за контраразузнавање

На денешната седница Владата на Република Македонија именуваше директори на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Како што соопшти Владата, за директор на БЈБ е именуван Горанче Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби, а за директор на УБК Љупчо Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје.

реклама

Савевски и Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.