Следи нѐ
To Top

Цел Балкан собран на „Фјужн“ бината на „Егзит“!

„Фјужн“ бината (Fusion Stage), омилената бина на балканските музичари на „Егзит“ фестивал, од 9. до 12. јули оваа година спојува атрактивни бендови од различни делови на светот.

Најголемата бина на Горниот град на Петроварадинска тврдина, со рекордниот интерес за „Егзит“ годинава, подготвена е секоја вечер да пречека и преку 15.000 посетители, за кои оваа година своите најдобри настапи ќе ги приредат израелските алтер бендови „Лола Марш“ (Lola Marsh) и „Тајни Фингерс“ (Tiny Fingers), грчките стонер-рокери „1000модс“ (1000mods), корејскиот електро состав „Идиотејп“ (Idiotape), холандските нојзери „Пејсшифтерс“ (Paceshifters), бугарските електро психоделичари „Котарашки“ (Kottarashky), како и етно-модернистите „Дин Брад“ (Din Brad) од Темишвар. Супертешката категорија на најголемите регионални имиња ја предводат „Хладно пиво“, „Ајсбрн“ (Eyesburn), „Зостер“, Рамбо Амадеус, Каролина, „Урбан & 4“, Артан Лили, „Канда, Коџа и Небојша“, „Киша Метака“, „Феуд“, „Бркови“ и бројни други!

реклама

unnamed

Најголемото возбудување пред „Егзит“ Авантурата почнува со музичкиот спектакл на деценијата и концертот на светската поп икона Роби Вилијамс на 17. јуни на белградскиот „Ушќе“, а свои настапи на овогодишната, ултимативна „Егзит“ Авантура, од 9. до 18. јули, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега потврдија „Моторхед“, „Д Продиџи“, Ману Чао, „Рудиментал“, „Феитлес“, Рошин Марфи, Хардвел, Емели Санде, „Сигма“, Џон Њуман, „Капитал Ситис“, „Клин Бнадит“, Тод Одел, Мартин Гарикс, Граматик, „Тејл оф ас“, Адам Бејер, Крис Либинг, „Иглс оф дед метал“, „Фир фактори“, Вилкинсон, Зомбој, Рони Сајз Репразент, Бондакс, „Напалм Детх“, „Дубиоза колектив“, „Октав Уан“, „Соул Клап“ и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Рекорден интерес за претстојниот „Егзит“!

Интересот за овогодишниот „Егзит“ е поголем од претходните неколку години, а посетители на фестивалот доаѓаат од над 60 земји од светот! Пред апсолутна распродажба е, на фановите омилената, акција „4+1“ во која четиричленото друштво кое заедно ги купува влезниците за „Егзит“ (3.599 денари), „Си Денс“ (2.240 денари) или целата „Егзит“ Авантура (4.299 денари), петтата влезница ја добива на подарок! Влезниците во Македонија се продаваат преку www.mktickets.mk како и во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). На www.exittrip.org пак, можат да се најдат пакетите кои содржат и сместување, а тука вистинското фестивалско летување од 7. до 20. јули, почнува со цена од 99 евра!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.