Следи нѐ
To Top

Мурињо и Хоу менаџери на годината во Англија

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо и шефот на стручниот штаб на Борнмаут Еди Хоу се лауреати на годинашниот избор на Асоцијацијата на фудбалски менаџери во Англија.

Мурињо беше избран, бидејќи го предводеше Челзи до трофеите во Премиер Лигата и во Лига Купот, додека Хоу е награден поради обезбедениот пласман во Премиер лигата.

реклама

И Мурињо и Хоу претходно беа избрани за најдобри во Премиер Лигата, односно Чемпионшип.

За најдобар менаџер во ФА Купот е прогласен Фил Паркинсон, чиј третолигаш Брадфорд го совлада Челзи и Сандерленд на патот до четвртфиналето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.