Следи нѐ
To Top

Штип се подготвува за „Макфест“

Триесет композиции ќе бидат изведенаи на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржи од трети до петти јуни на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Раководителот на прес-центарот на „Макфест“ Драган Ристов вели дека и годинава фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и општина Штип.

реклама

– Влегуваме во финиш, бидејќи од почетокот на фестивалот не делат уште седум дена. Во Скопје пробите течат одлично, а на крајот на неделата ќе започне конструкцијата на сцената. Се очекува да пристигне и ревискиот оркестар со што ќе започнат и пробите за фестивалските композиции во Штип, на сцената во Домот на културата, рече Ристов.

Тој додава дека од правен аспект, завршени се сите подготовки околу склучување договори со учесниците и техничкиот персонал, веќе се утврдуваат локациите и распоредот за престојот на гоститеа над 50 новинари веќе побарале акредитации за следење на фестивалот.

– Општината ја дава сета логистика и вработените веќе имаат задолженија околу организацијата на фестивалот. Во контакт сме со дирекцијата на Сплитскиот фестивал и се надеваме дека ќе успееме да договориме настап на некое балканско музичко име, кое имало учествувано на фестивалот а се утврдува и листата на изведувачи кои биле победници или имале големи хитови од Макфест кои ревијално ќе настапат како дел од шоу програмата, вели Ристов.

На фестивалот „Макфест“ на трети и четврти јуни ќе се одржат двете полуфинални вечери кога ќе настапат по 15 изведувачи. На 5 јуни ќе се одржи финалето на кое ќе настапат по девет изведувачи од првата и втората полуфинална вечер. Наградниот фонд за годинешното јубилејно 30. издание на фестивалот на забавни мелодии изнесува речиси 30 илјади евра:

Првата  награда на „Макфест“ носи 10.000 евра, втората 7.500 евра и третата награда е во износ од 5.000 евра. Награда ќе биде доделена и за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, потоа награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија. Ќе има и награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, за најдобар сценски настап исто така во износ од 1.000 евра, како и признание за најслушана композиција меѓу два фестивала.

Ристов истакна дека се преземаат и мерки да се  спречат сите „стапици“ во гласањето. Годинава ќе се гласа со СМС пораки, кои 30% ќе влијаат во изборот на финалистите и победникот, додека останатите 70% ќе им припаднат на членовите на жиритокое ќе биде интернационално и составено од двајца претставници од Македонија и тројца од странство, а нивните имиња ќе се држат во строга тајност поради спречување на секакво влијание и притисок. Првата полуфинална фестивалска вечер ќе ја отвори дебитантката Евгенија Чанчалова со песната „Миг до вечноста“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.