Следи нѐ
To Top

Џамбинаи и Басеко Којате и Нгони Ба ќе го отворат 14. ОФФест

Со концерти на корејскиот рок бенд Џамбинаи и африканскиот состав Басеко Којате и Нгони Ба вечер почнува 14. издание на музичкиот фестивал ОФФест.

Фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар, а ќе трае до 1 јуни.

реклама

Утре во кинотот Фросина ќе биде проектиран документарниот филм „Je chanterai pour toi“, на режисерот Жак Сарасин. Тоа е филм за Бубакар Траоре, кој потоа ќе одржи концерт. В сабота ќе настапат португалката Лула Пена и мароканката Хинди Зара. Традиционално претставување на македонски групи ќе има во недела, кога Чалгија саунд систем ќе го промовира новиот материјал.

Фестивалот ќе заврши во понеделник со проекција на документарниот филм „The last song before the war“ во режија на Кили Краскоскас. Веднаш потоа концерт ќе одржат познатите пустински рокери Тинаривен.

Директорот на фестивалот Оливер Белопета на прес-конференција програмата ја оцени како најкомпактна и најдобра досега. Тој посочи дека Хинди Зара, Бубакар Траоре и Басеко Којате доаѓаат да ги промовираат новите албуми.

Фестивалот ОФФест се одржува под покровителство на Министерството за култура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.