Следи нѐ
To Top

Легендарниот Бубакар Траоре вечер на ОФФест

На ОФФест вечер во Кино Фросина, МКЦ, настапува блуз-гитаристот Бубакар Траоре од Мали. Пред концертот ќе биде прикажан документарниот филм „Ќе пејам за тебе” на режисерот Жак Сарасин.

Траоре, популарно наречен Кар Кар, е еден од последните големи изведувачи кои својата кариера ја почнале во раните денови на независноста на Мали. Неговата музика, инспирирана од локалниот традиционален стил „касонке“ и од блузот, во тоа време, шеесеттите години, била постојано емитувана на радио станиците, поради што станал и национална фигура.

реклама

Денес Траоре е препознатлив по својот уникатен блуз стил, оригинален гитарски израз збогатен со фолк и поезија. „Мбалимаоу“ е неговиот најнов негов албум снимен во Бамако, каде што живее и работи. Објавен е во февруари годинава, а изобилува, како што велат критичарите, со нежен свинг, поезија и грациозност.

ОФФест продолжува утре со португалската фадо-уметница Лула Пена и кантавторката Хинди Зара, по потекло Мароканка. Задутре, вечерта е резервирана за македонската етно-ризница која ќе биде претставена од „Чалгија саунд систем“, а на 1 јуни фестивалот завршува со светската музичка сензација – виртуозните музички бунтовници „Тинаривен“, откако претходно публиката ќе има можност да го види документарецот „Последната песна пред војната“ (The Last Song Before the War).

Фестивалот почна синоќа со концертите на пост-рок составот „Јамбинаи“ од Јужна Кореа и на Басеку Кујате, мајсторот на традиционалниот инструмент „нгони“, и неговиот еклектичен состав „Нгони Ба“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.