Следи нѐ
To Top

Викенд временска прогноза: Претежно стабилно, сончево и потопло

Сончево и малку потопло време ќе преовладува денеска во Македонија. Преку ден ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 22 до 28 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде слично со утринска температура до осум, а дневна до 26 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.