Следи нѐ
To Top

Кире Лазаров ќе игра во финалето на Лигата на шампионите

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров со својот клуб Барселона обезбеди финале во Лигата на шампиoните, откако попладнево во Келн во првиот полуфинален дуел од „фајнл-фор“ турнирот го совладаа Киелце со 33:28.

Лазаров натпреварот го заврши со седум голови, еден помалку од најефикасниот во победничкиот состав Никола Карабатиќ.

реклама

Во поразената екипа најдобар играч беше Карл Биелецки кој запиша седум погодоци.

Второто полуфинале е вечерва од 18 часот меѓу унгарскиот шампион Веспрем и германскиот претставник Кил.

Победникот од овој натпревар утревечер од 18 часот ќе игра со Барселона во битката за шампионскиот трофеј.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.