Следи нѐ
To Top

Српски криминалци уапсени со 1,15 тони кокаин вреден 70 милиони евра

Криминална група од Србија се обидела да шверцува 1,15 тони кокаин меѓу Карибите и Европа, но во близина на Азорските Острови дрогата била запленета, соопштија француските власти.

Запленувањето било извршено во близина на островот Фајал при што се уапсени четири државјани на Србија, соопштија португалските власти.

реклама

Португалската полиција го запленила кокаинот на еден едреник во ноќта меѓу 27 и 28 мај и тоа било резултат на заедничка истрага на Франција и Велика Британија. Вредноста на запленетата дрога е околу 70 милиони евра.

– Тоа е најголема заплена на кокаин досега во регионот на Азорските Острови, наведуваат португалските власти. Во акцијата уапсен е и еден Германец кој бил дел од групата чии членови биле на возраст од 29 до 54 години.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Балкан

error: Содржината е заштитена со авторски права.