Следи нѐ
To Top

ФОТО: One Republic пристигнаа во Скопје!

Моментално најпознатиот светски бенд, One Republic, денеска пристигна во Скопје, каде вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одржат концертот во рамки на нивната „Native“ турнеја.

Како што информираат од Авалон продукција, бендот е веќе во салата каде ја има својата генерална проба.

реклама

За потсетување, концертот започнува вечер во 20 часот, а како предгрупа ќе настапат The Makemakes.

Влезниците за категориите фан-пит и партер се веќе распродадени, а според информациите денеска се зголемила продажбата и на последните влезници од категориите ВИП и трибина.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.