Следи нѐ
To Top

Заев нема да оди на состанокот во Брисел на 10 јуни

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека нивни претставници нема да присуствуваат на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан на 10 јуни во Брисел.

– Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ содржи елементи на пристрасност  и несоодветно во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на Хан, за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ/ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатираа дека извештајот за изборите во РМ е позитивен, изјави Заев.

реклама

Според него, доказите од прислушуваните телефонски разговори ја разоткриле меѓу другото и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во Македонија и организирани и спроведени од власта.

– За целиот овој период ние се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција на која што бевме поставени, изјави лидерот на СДСМ.

Вели дека по разговорите на 2 јуни во Скопје на кои присуствуваше и Хан, подигнат е уште еден обвинителен акт против него и тоа за земање поткуп иако кривичната пријава на МВР била за обид за поткуп.

Тврди дека е направена диверзија на автомобилот на синот на Зоран Верушевски и оти се направени нови претреси на домовите на притворените лица.

– Дадовме максимум во овој сериозен процес  и очекуваме тоа да се почитува од сите страни, изјави Заев, кој рече дека во овој момент не би одговарал на новинарски прашања.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.