Следи нѐ
To Top

Прв климатски хакатон во Македонија „Патувај зелено“

Од денес, сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават на првиот хакатон за климатските промени во Македонија и да предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’  – www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

реклама

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: http://hackathon.socialinnovation.mk

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.