Следи нѐ
To Top

Заеднички хуманитарен концерт на Црвениот крст и ОУ „11 Октомври“ за помош на Никола Докиќ

Општинската организација на Црвен Крст Центар и ОУ „11 Октомври“ во среда (10.06) со почеток од 18 часот организираат хуманитарно дружење за помош на 27-годишниот Никола Докиќ.

Докиќ боледува од Хочкин лимфон, рак на лимфните жлезди, којшто му е дијагностициран во 2007 година, а за успешно лекување на ова тешко заболување потребни се големи финансиски средства.

реклама

За таа цел, во ДХО „Даре Џамбаз“, оркестарот, хорот и соло изведувачите од ОУ „11 Октомври“ ќе организираат концерт, а влезниците за истиот можете да ги набавите по симболична цена од 100 денари во просториите на ООЦК Центар.

11423383_999109806766275_2364603045969920554_n[1]

Повеќе информации можете да пронајдете на следниот линк.

Хуманоста не познава граници!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.