Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Школка – Популарно.мк
Следи нѐ
To Top

Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Школка

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМСМ, МВР и Град Скопје, заедно со останатите партнери организираат велосипедското дефиле кое ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот пред „Порта Македонија“.

Дефилето е составен дел од проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ и има за цел да го промовира велосипедот како сообраќајно превозно средство. Воедно, со овој настан ќе се испрати порака до возачите на моторни возила дека велосипедистите се присутни во сообраќајот и оти треба да бидат почитувани како рамноправни учесници во сообраќајот.

Настанот ќе се одвива по следната дефинирана рута од „Порта Македонија“ до АМСМ, преку ул„.М.Т.Гологанов“ до „Веро Тафталиџе преку бул.„8-ми Септември“ до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку бул.„Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и до крајната цел, „Школка“ во Градски парк.

Велосипедското дефиле со свое учество ќе го поддржат многу јавни личности од културниот и забавниот живот во Репубика Македонија, а ќе учествуватт и претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Велосипедското движење ќе заврши кај „Школка“ во Градски Парк, каде покрај добра музика и забава, учесниците во велосипедското движење ќе ги очекуваат и пет „Маx“ велосипеди кои во знак на поддршка на развојот на велосипедизамот во градот, како награди ќе ги додели „Агротехна“.

Остави коментар

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.