Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Подалеку од предрасудите, каде и да сте

Гордон Алпорт, професор на Харвард, 1954 година ја објавува книгата „Природата на предрасудите“ каде дава скала со пет степени на дискриминација.

До ден денешен, истражувачите на говорот на омраза се повикуваат на неговите студии и петте скалила како поттикнување на екстремизмот :

  • Исмевање на малцинствата по основ на стереотипи.
  • Одбегнување контакт и комуникација со малцинските групи.
  • Нееднакви права на малцинските групи.
  • Физички напади и уништување на имотот на малцинствата.
  • Истребување, ликвидирање на група маргинализирани луѓе.

Денес Кривичниот закон во многу земји утврдува казни, а кривичното дело е отежнато ако е сторено поради омраза кон одредена национална, расна, верска или етичка припадност, како и полова и сексуална ориентација.

Но со забрани не се решава ништо, барем не долготрајно, дури се можни идеолошки и политички злоупотреби. Високо развиена свест, емоционална интелигенција и не прифаќање на стереотипи и предрасуди како туѓи сервирани „вистини“ се она што ни треба на сите за нештата да станат појасни.

Решавање на екстремизмот е токму во овозможување на слобода на говор наспроти говор на омраза, затоа што потполна слобода имаме тогаш кога сме толерантни кон не истомислениците. Уличните пресметки добија свое ново место за „решавање“ на интернет, вербалниот двобој се дигитализира , но од интернетот повторно се симнува на улица и така во недоглед. Генералниот директориум за демократија на Советот на Европа спроведува кампања против говорот на омраза на интернет, веќе во 13 земји на ЕУ, со цел промоција на позитивните страни на интернетот, говор на љубовта, солидарноста, емпатија и позитивната комуникација.

Завршувам во духот на Волтер „Не се сложувам со тоа што го зборувате, но секогаш ќе го бранам вашето право да си го кажете своето мислење“ или во духот на алтруизмот, сакајте и почитувајте различни од себе, говорот на омраза заменете го со тишината на љубовта за да животот ни врви во љубов, а не во омраза и потсетувам да љубите каде и да сте! <3

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќавгуст 14, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќавгуст 14, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќавгуст 14, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.