Следи нѐ
To Top

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на Стража и Попова Шапка

Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена на 40 до 50 метри, а на Стража 50 до 100 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

реклама

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од средината на месецов стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА:

error: Содржината е заштитена со авторски права.