Следи нѐ
To Top

Снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Плетвар!

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонија пат“.

Според Автомотосојузот на Македонија, врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, како и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.

реклама

Намалена видливост поради магла, според АМСМ, има на планинскиот премин Пресека до 100 метри, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и на патот Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, изутрина во седум часот е измерена минусна температура само во Маврово, три степени под нулата.  Најмногу дожд наврна во Демир Капија, 26 литри на метар кбадратен, 13 литри во Маврово, 12 во Пожар, по 11 во  Гевгелија, Кавадарци, Лазарополе, Пожаране, девет во Дојран и во Битола, осум во Куманово, Ѓуриште и во Тетово…

Времето  денеска облачно со врнежи од дожд, а на планините особено на запад и на север со врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. На места врнежите од дожд ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, околу 30 литрина метар квадратен. Поради спуштање на постуден воздух во западните и северните делови и на некои повисоки места врнежите повремено ќе бидат од снег. Температурата ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, на повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата до 5 степени.

Во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има нови врнежи од дожд, на планините од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во останатите делови, на места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, над 30 литри на метар квадратен. Поради спуштање на постуден воздух во западните делови и на  некои повисоки места врнежите повремено ќе бидат од снег.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.