Следи нѐ
To Top

„Eagles of Death Metal“ со акција за помош на семејствата на жртвите од Париз

Бендот „Eagles of Death Metal“, на чиј концерт во Париз се изврши терористички напад, ги повикаа колегите да ја обработат нивната песна „I Love You All The Time“ и со тоа да има помогнат на семејствата на жртвите од нападот. 

Членовите на бендот, чиј концерт во Париз на 13 ноември беше цел на терористички напад, го дадоа За „Vice“ првото интервју по нападот и зборуваа за се што преживеале таа кобна ноќ.

реклама

Џош Хом во рамки на интервјуто ги повика сите музичари од светот да ја обработат нивната песна „I Love You All The Time“, за да соберат помош за семејствата на жртвите на настраданите во Париз.

– Ако сте кантри пејач, или тежок металец, не е важно. Обработете ја песната и ние ќе се откажеме од заработката од авторските права и продажбата на песната за семејствата на жртвите, рече Хом, додавајќи дека ја имаат поддршката од својата издавачка куќа.

Осумдесет и девет лица беа убиени во салата Батаклан, додека во цел Париз за време на нападот на 13 ноември на различни локации се убиени вкупно 130 лица, а повредени 350.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.