Следи нѐ
To Top

Снежна покривка во Маврови Анови, Лазарополе и Пожаране

Снегот што заврна на повисоките места во Македонија формираше снежна покривка во Маврови Анови – 17 см, во Лазарополе – 14 см и во Пожаране 13 см.

Најниски температури утрово се измерени во Маврово -3 степени целзиусови и Ѓуриште – 1 степен. Највисоки се измерени во Дојран и во Гевгелија 6 степени целзиусови, а во Скопје утрово е измерена температура од 3 степени.

реклама

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб дожд,  во претпладневните часови,  и со умерен северен ветер. На планините и повисоките места врнежите ќе се од снег, Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.