Следи нѐ
To Top

Ли-Фи – нова технологија 100 пати побрза од Ви-Фи

Се чини дека Ви-Фи технологијата ги бележи своите последни денови. 

Фирмата „Велмени“ најави дека е подготвена Ви-Фи да ја замени со Ли-Фи технологија, за која научниците тврдат дека може да пренесува 1 гигабајт податоци во секунда, што е 100 пати побрзо од просечната Ви-Фи брзина.

реклама

Како што објави „Ај-Би Тајмс“, „Велмени“ го тестирал Ли-Фи или light fidelity во канцеларии и индустриски средини во Естонија и немал никакви проблеми со постигнувањето на наведената брзина.

Ли-Фи ги пренесува податоците користејќи ЛЕД светла, кои се палат и гасат во време од една наносекунда, па поради тоа не може да се забележи со човечко око.

Технологијата е откриена уште во 2011 година, а научниците во лабораториски услови достигнале незамислива брзина на пренос од 224 гигабајти во секунда. Со други зборови, при таква брзина технички би можеле да преземаме 18 филмови од 1,5 гигабајти во само една секунда.

Лошата страна на Ли-Фи технологијата е што за разлика од Ви-Фи сигналот не минува низ ѕидови, бидејќи се темели на светлина, па има ограничен досег. Повторно, поради ограничениот досег Ли-Фи е многу побезбеден од хакерските напади.

Ли-Фи исто така отвара нови можности во секој дом. Имено, ЛЕД светлата можат да имаат двојна функција. Освен што ја осветлуваат дневната соба, ЛЕД светлата ќе помогнат во креирање на мрежа која ќе ги спојува уредите во станот или домот.

Освен „Велмени“, уште неколку фирми како што е „Оледком“ и „ПјурЛи-Фи“ ја развиваат оваа технологија. Двете наведени фирми нудат услуги за инсталирање и одржување на Ли-Фи мрежата, а „ПјурЛи-Фи“ дури гарантира брзина од 10 мегабајти во секунда.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.