Следи нѐ
To Top

Рекорд за Гинис: Австралија постави светски рекорд во бројот на лампички на новогодишна елка

Австралиската престолнина Канбера постави нов светски рекорд во бројот на светилки на новогодишната елка.

Дејвид Ричардс ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди поради тоа што замотал повеќе од милион лед светилки околу 21 метри високата вештачка елка во Канбера, во рамки на изложбата за собирање средства за истражување на синдромот на ненадејна смрт на доенчиња.

реклама

Гинис тоа и официјално го потврди на Твитер: „Нов рекорд! 518.838 светилки на новогодишната елка во Канбера, Австралија“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.