Следи нѐ
To Top

Новиот АјФон останува без приклучок за слушалки?!

Епл“ од генерација во генерација ги правеше своите телефони се потенки, иако годинава добивме незначително подебел „АјФон 6Ц“, во однос на претходниот модел 6.

Но, со цел да добие што потенок „АјФон 7“, „Епл“ ќе го исфрли класичниот приклучок за слушалки, кои би се поврзувале со апаратот преку т.н. лајтинг конектор, што сега се користи за напојување и за спојување со компјутер.

реклама

„МакОтакара“ објави дека оние кои ќе сакаат да користат класични слушалки, треба да имаат некаков адаптер.

Овој потег донесе нешто над еден милиметар заштеда на дебелината на телефонот, но и можност да се користат напредни слушалки.

Сега останува прашањето дали производителите масовно ќе почнат да нудат „лајтинг“ слушалки, покрај веќе постоечките неколку модели на пазарот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.