Следи нѐ
To Top

Се отвори најголемата фабрика за ориз во Кочани – Левидиагро

Отворена е најголемата фабрика за ориз во Кочани. Станува збор за браунфилд (brownfiled) инвестиција на компанијата Левидиагро, инвестиција од Република Турција со почетен капитал од 4 милиони евра.

Компанијата каде ќе бидат директно и индиректно вработени над 100 лица, е најголем капацитет за производство на ориз во земјава. Фабриката е сместена во старите простории на Жито Ориз Кочани и поседува најсовремена технологија за производство на ориз со годишен капацитет од околу 30 илјади тони.

реклама

– „Македонскиот ориз има висок квалитет. Свесни сме за потенцијалот и инвестицијата е насочена за развој на оваа земјоделска гранка во Македонија. Со производниот капацитет покрај што ќе го снабдиме домашниот пазар со висококвалитетен ориз, уште и ќе ни овозможи да одговориме на потребите на европските пазари. Левидиагро се обидува да воспостави нови односи со земјоделците. Тука е нашата финансиска поддршка за земјоделските задруги и за нивно непречено функционирање. Вложивме средства во сопствена лабораторија за проверка на квалитетот на оризот, а наскоро започнуваме соработка со Институтот за земјоделство за заеднички контроли на квалитетот”, изјави генералниот менаџер на Левидиагро, Али Созер.

Компанијата во моментов се обидува да најде адекватна земја од 100 хектари што ќе се користи за производство на семе со што иницијална инвестиција ќе се зголеми за 600 илјади евра, а бројката на директни вработувања ќе се зголеми за нови 50.

– „Имаме намера да го развиеме целосно овој сегмент, каде има недостаток од едукација и делови кои може да се подобрат. На пример голем е бројот на земјоделци кои не користат сертифицирано семе за садење. Идејата е да создадеме македонско семе и целосно да го замениме сегашниот увоз на семенски материјал. Во исто време да развиеме целосна програма за производство на леќа, наут, грав и слични производи кои имаат сличен технолошки процес на производство како оризот. Ова ќе значи развој на оваа гранка на сосема друго ниво”, објаснува Али Созер.

Ова е најсовремена фабрика во Македонија којашто работи според регулативите на Европската унија за преработка на ориз. Во фаза на финализација се договори за извоз на македонскиот ориз во Србија, Косово, Албанија и Турција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.