Следи нѐ
To Top

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Насловната фотографија е преземена од Курир

Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода.

реклама

Несреќата се случила во 23:30 часот меѓу патничко возило „лада“ и патничко комбе со српски таблички.

Во несреќата на самото место починал 31-годишниот Мирче Д. од Скопје кој управувал со ладата, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Д.Д.Б. (19). Тешко повредениот во возило на Брза помош веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на комбето 31-годишниот А.Б., како и сопатниците Б.Ј. (42), М.Б (28) и Х.С (23) кои се пренесени во Градската болница „Наум Охридски“.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на МВР и се работи на откривање на причините поради кои дошло до несреќата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.