Следи нѐ
To Top

2CELLOS ПРЕМИЕРНО ВО СКОПЈЕ: „Метрополис арена“ на нозе – романтично запросување во публиката

Насловна фотографија: Драган Тануровски / Популарно.мк

Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер ја одушевија публиката во Метрополис арена на нивниот премиерен концерт во Скопје кој се распродаде молскавично брзо.

реклама

Тандемот виолончелисти Лука и Стјепан познати како „2CELLOS“ го одржаа својот прв концерт во Скопје. Иако ова не беше нивни премиерен настап во Македонија, преполната Метрополис арена каде се бараше место повеќе за седење, но и стоење, уште еднаш ја потврди желбата на публиката да ужива во музички спектакл за сите сетила.

This slideshow requires JavaScript.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Драган Тануровски / Популарно.мк

Овие вонсериски уметници концертот го започнаа со мало доцнење, и секако, со класични ноти, но по неколку песни Хаузер „здиви“ на сцената и почнаа познатите поп и рок хитови.

– „Долго време сакавме да гостуваме во Скопје. Конечно дојде тој ден и ние ќе дадеме се од себе за да уживате на нашиот концерт. Ова не е типичен класичен концерт, можете да танцувате, да скокате, да викате и да пеете ако ги знаете текстовите од песните, бидејќи ние не ги знаеме“ – изјави Лука.

Tanurovski-1534

Во еден момент момците од 2CELLOS најавија романтично запросување – момче по име Иво специјално допатувал од Канада, за да ја запроси својата девојка Марија од Македонија. Публиката со аплаус и овации го поздрави овој момент, а веднаш по судбоносното „да“ концертот продолжи со романтичната „With or Without You“.

Се редеа хитовите на Muse, Nirvana,  AC DC, The Prodigy, Sting, Michael Jackson…

По едночасовното уживање во звуците на нивниот виолончела, момците беа повикани на бис со песната „The Trooper“, и се заблагодарија на македонската публика и ја поздравија со класични ноти, впрочем како што и започна концертот.

Tanurovski-1548

Концертот беше за сечиј вкус, а за тоа потврди и публиката, каде можеа да се забележат постари, но и помлади лица, кои подеднакво се забавуваа на концертот.

2CELLOS повторно настапуваат во Скопје во понеделник, во рамки на фестивалот „Таксират“, па доколку не успеавте да си набавите влезници за овој концерт, имате шанса да ги слушнете момците во живо веќе задутре, на истата локација – Метрополис арена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.