Следи нѐ
To Top

ФОТО: Познатите ги изненадија посетители на „Денот на органско производство“ со своите здрави навики

Сабота, ден создаден за дружење на семејството и уживање во слободното време кое и тоа како е драгоцено во нашето секојдневие.

Вчера, од 10 часот наутро Skopje City Mall беше претворен во една органска градина која ги изненади сите граѓани. Главниот слоган „Јас бирам здравје, а ти?“ на манифестацијата „Ден на органско производство“ совршено го опиша традиционалниот настан кој промовира органска храна и притоа помага да се откријат тајните на здравиот живот и долговечноста.

реклама

dimitar

Насмеани и разиграни деца кои низ игра, едукација и театарска претстава ги дознаа основите за органската храна, среќни родители кои купуваа македонски органски производи, вредни познати лица расположени за дружење и штандови полни со најразновидни органски продукти беше сликата која ја разубави саботата во нашиот главен град.

Најмладите заедно со фармерот Марко и Органко се забавуваа во детското катче, правеа органски колачиња и ја развиваа креативноста боејки во т.н. органска боена. Постарите ги откриваа сите тајни за органските производи, дегустираа и со полни кеси си заминаа во своите домови, додека нашата популарна пејача Сара Мејс, познатиот радио водител Димитар Атанасовски, Европскиот шампион на ридски патеки за 2014 и 2015, Игор Стафановски – Иџе и најдобриот македонски каратист Мартин Несторовски подготвуваа здраво и органско смути и се дружеа со присутните.

DSC_1833

На денот на органското производство на понуда стотици органски производи исклучиво од македонското поднебје.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство традиционално, во соработка со Федерацијата на производители на органски производи во Македонија го организира 9-тиот „Ден на Органско Производство“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.